Нашата мисија

Тимот на Adrialab-synlab group е посветен на пружањето квалитетни, високо професионални услуги од областа на медицинската лабораториска дијагностика, со цел да се заштити и зачува здравјето на пациентите. Нудиме пристапност, точност, навременост, компетентност, ефективност, ефикасност, еднаквост и почит при пружањето на сите видови услуги.

Нашата визија

Adrialab-synlab group се стреми кон креирање на пријатна и сигурна работна средина која секогаш е ориентирана кон потребите на пациентот, секојдневно тежнеејќи да ги задоволи сите барања и да ја зголеми палетата на услуги, при што се зголемува општото задоволство на нашите пациенти.

Нашата установа се стреми да прерасне во регионален центар за медицинска лабораториска дијагностика, опремен со најсофистицирана опрема од висока технологија и високостручен медицински кадар, со капацитет да опслужи повеќе стотоци илјади пациенти годишно.